1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ги поддржуваат евро-атланските интеграции на Македонија

БГ/миа17 октомври 2013

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе продолжи да ги поддржува аспирациите на сите земји од Балканот да станат дел од ЕУ и НАТО

https://p.dw.com/p/1A1Iq
Фотографија: AP

Американскиот Стејт департмент, по објавувањето на извештаите на Европската комисија за напредокот на балканските земји, соопшти дека Вашингтон ќе продолжи да ги поддржува евро-атланските интеграции на Македонија и другите земји кандидатки.

- САД остануваат посветени на поддршката на земјите кои имаат евро-атлански аспирации. Со задоволство го чекаме денот кога овие земји целосно ќе се интегрираат во европските институции, што пак ќе ги продлабочи и нашите односи и партнерство со нив. Задоволни сме што Европската комисија заклучи дека апсирантите за членство во ЕУ постигнале добар напредок во интеграциите, изјавија во Стејт департментот на прашањето на МИА за реакција по објавувањето на извештајот за Македонија.

Во Стејт департментот вечат дека нема да коментираат за деталите на извештаите за напредокот на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и другите земји кандидатки и аспирантки за членство.