САД бара Индија да го скрати увозот на иранска нафта
15 мај 2012Забелешката на Паскал стаса една недела откако државната секретарка Хилари Клинтон ја предупреди Индија дека треба да ги скрати идните увози на иранска нафта и оти можеби Њу Делхи нема да биде изземен од финансиските санкции за дополнителни два месеца. Индија е вториот најголем увозник на иранска нафта, со што му овозможува на официјален Техеран да добие свежи пари и да ја развива својата нуклеарна програма, многупати осудена од Западот.
А, властите во Иран денеска обесија човек обвинет дека одиграл клучна улога во убиството на врвен нуклеарен техничар во 2010-та година, како и дека шпиунирал во корист на Израел. Информацијата ја објави иранската новинска агенција ИРНА. Мајид Јамали Фаши беше осуден дека примил 120.000 евра од Мосад, како и дека ја поставил бомбата која го усмрти професорот Масуд Али Мохамади.