1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саакашвили започна преговори со опозицијата

СН/ЖА/ап/бета5 октомври 2012

Претседателот на Грузија Михаил Саакашвили по поразот на неговата партија на парламентарните избори во понеделникот го прави првиот чекор кон предавање на власта на опозицијата.

https://p.dw.com/p/16L2h
Фотографија: dapd

Денеска во Тбилиси започнаа преговорите меѓу опозициската коалиција „ Грузиски сон“ и претседателот на државата Михаил Саакашвили за предавање на власта. Се очекува на крајот од овие преговори лидерот на коалицијата, милијардерот Бидзина Иванишвили да биде именуван за премиер на Грузија.
Саакашвили ќе остане на претседателската функција до крајот на својот втор и последен мандат во октомври 2013-та година.

Со уставните реформи кои треба да стапат во сила по неговото заминување од власт, грузискиот државен систем треба да биде трансформиран од претседателски во парламентарен, така што бројни овластувања на шефот на државата во иднина ќе преминат на премиерот кого го избира парламентот во Тбилиси.

Коалицијата „Грузиски сон“, која ја предводи Иванишвили освои мнозинство во 150-члениот грузиски парламент, но најверојатно нема да има сто пратенички места колку што се потребни за измена на уставот.