Руско-кинески дијалг на највисоко ниво
21 март 2006Русија и Кина се согласија спорот околу иранската атомска програма да се најде пред Советот за безбедност на ОН, но заедничко за обете земји е и дека имаат економски интереси во Иран: Русија таму гради атомски централи, а Кина од таму задоволува најголем дел од своите енергетски потреби. Попрецизни податоци за разговорот на двајцата државници засега нема. На кинеската државна телевизија е прочитано заедничкото соопштение во кое, со поглед кон Тајван, се вели: „Обете земји се согласни дека меѓусебно ќе ги усогласуваат своите директиви за зачувување на територијалните граници на државите. Русија и натаму ќе ја поддржува политиката за една Кина и ќе признава дека има само една кинеска влада“.
Енергетската политика беше во фокусот на разговорот меѓу Путин и Ху. Склучени биле повеќе договори, објави телевизијата: „Три договори меѓу кинеското национално Петролејско друштво и Газпром, руското друштво за експлоатација на гас, содржат спогодби за испорака на гас на Кина“. Кинеското раководство е посебно заинтересирано за одамна дискутираниот нафтовод од Сибир кон Пацификот и понатаму до Јапонија. Преку една гранка од тој нафтовод Кина би добивала 30 милиони тони нафта годишно, неопходна за економијата која бележи брз пораст. Но, тука има проблеми и надежите остануваат ограничени и по денешните разговори. Само е речено дека се работи врз натамошен напредок по тоа прашање.