Кремљ да направи промени во политиката
7 јануари 2012Патријархот мосовски и серуски Кирил, во интервју за државната делевизија по повод православниот празник Божик, изјави најважна работа е исправно изразениот протест да води кон адаптација на политичкиот курс во Кремљ.
„Ако властите останат нечувствителни за барањата од протестите, тоа е многу лош знак, сигнал дека властите не можат да се самоадаптираат“, изјави патријархот одговарајќи на конкретно прашање за тоа како Руската православна црква гледа на протестите за наводниот изборен фалсификат во полза на владејачката партија „Единствена Русија“, предводена од премиерот Владимир Путин.
Потребен е дијалог
Неговите погледи и ставови имаат големо влијание во земјата каде околу 70 насто од граѓаните се православни верници.
Поглаварот на Руската православна црква, покрај тоа ги повика руските власти да прифатат дијалог со опозицијата, како и барањата на демонстрантите за слободни избори.
„Русија не може да си дозволи уште една револуција. Властите треба преку дијалог и слушање на гласот на општетството да го корегираат својот политички курс и тогаш се ќе тргне напред, порача патријархот Кирил во интервју за телевизијата „Русија 1“.
Автор: СН/ЕМФ/ртр/миа
Редактор: Е.М. Фиданоска