1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руската Дума го усвои законот за амнестија

АТ/ ард/ афп18 декември 2013

Рускиот парламент усвои опсежна амнестија со која треба да бидат ослободени до 25 илјади луѓе од руските затвори. Со неа треба да бидат опфатени и активистите на „Греинпис“ и членовите на „Пуси Рајот“.

https://p.dw.com/p/1AcBo
Фотографија: REUTERS

Руската Дума денеска ја усвои широката амнестија предложена од претседателот Владимир Путин и ја прошири и за активистите на „Гринпис“, кои извесен период минаа во затвор.

Според последните промени руските правосудни органи треба да ја поништата тужбата против 30те активисти, кои во септември на бродот на „Гринпис“ демонстрираа против нафтените дупчења на Арктикот и дури на крајот на ноември беа ослободени од истражен затвор со кауција.

Амнестијата е по повод 20 годишнината од рускиот устав. Таа предвидува ослободување на затвореници осудени на затворски казни помали од пет години. Илјладници Руси, меѓу нив малолетници, болни, ветерани, трудници и жени со деца треба да профитираат од законот. Властите имаат време, шест месеци да ја спроведат амнестијата.

Исто така треба да бидат ослободени и двете членки на панк бендот „Пуси Рајот“. Надежда Толоконикова и Марија Аљохина - и двете имаат мали деца. Тие во моментов одлежуваат затворска казна поради нивната протестна акција против претседателот Владимир Пути во една катедрала во Москва.

Со амнестијата треба да бидат ослободени и повеќемина руски опозиционери упасени при протестни акции. Критичарот на Кремљ и поранешен руски олигарх Михаил Ходорковски нема да профитира од широката амнестија.

Според информации на претставници на парламентот благодарение на аменстијата би можело да бидат ослободени од 10.000 до 25.000 од речиси 700.000 затвореници.