1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија ја отфрли резолуцијата за Косово

1 јуни 2007

Русија ја отфрли новата предлог резолуција за статусот на Косово која синоќа беше претставена во советот за безбедност на ОН. Москва сака решение на прашањето кое би произлегло единствено низ преговорите меѓу Белград и Приштина.

https://p.dw.com/p/Anrf
Фотографија: AP

Предлог резолуцијата поддржана од САД, Велика Британија, Франција и Германија синоќа беше претставена во советот за безбедност на ОН. Текстот на резолуцијата значи поддршка на планот на Марти Ахтисари и го отвора патот за независност на покраината. За рускиот амбасадор во светската организација Виталиј Чуркин новата верзија исто така е неприфатлива

“ Претставената актуелизирана верзија на резолуцијата за нас не значи ништо ново“ рече Чуркин

Русија исто како и Кина сметаат дека решението треба да произлезе низ директни преговори меѓу Белград и Приштина. Кога двете страни ќе се договорат, тогаш највисокиот гремиум на ОН ќе може да ја усвои резолуцијата. Чуркин предупреди дека Русија ќе вложи вето доколку ваквиот документ биде ставен на гласање

“ Под овие услови последиците за жал ќе бидат очигледни“

Без разлика на јасното одбивање на резолуцијата од страна на рускиот колега, американскиот амбасадор Калилзад Зелмај очекува резолуцијата да биде усвоена во текот на наредната недела:

“ Искрено кажано топката се наоѓа на руска страна“ изјави Зелмај

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ денеска предупреди дека Белград нема никогаш да ја прифати независноста на Косово под какви било услови. Темата Косово се очекува да доминира и на денешните разговори во Берлин, меѓу германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер и српскиот претседател Борис Тадиќ