1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија – случај Литвиненко

19 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJrr

Во судирот околу убиството на поранешниот руски агент Александар Литвиненко, Русија најави дека ќе истера четворица британски дипломати од земјата. Тоа е реакција на протерувањето на четворица руски дипломати од Лондон, што се случи пред неколку дена. Велика Британија ги протера четворица руски дипломати откако Москва одби да го испорача Андреј Луговој, главниот осомничен за убиството на Литвиненко.

Германија,инаку, веројатно посредува меѓу Русија и Велика Британија околу испораката на осомничените убијци на екс-рускиот агент, Александар Литвиненко. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, утре треба да го прими на разговори рускиот колега, Сергеј Лавров. Вчера Штајнмаер веќе разговараше со британскиот колега Дејвид Милибанд, по што изјави оти се надева дека билатералните чекори на Москва и Лондон за расчистување на конфликтот по убиството на Литвиненко нема да водат кон криза.