Русија-САД
12 октомври 2007Реклама
Рускиот претседател Владимир Путин на разговорите со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс се закани дека Москва ќе го напушти договорот за ракети со среден и краток дострел доколку во него не бидат вклучени и други земји. Договорот во 1987 година го склучија САД и поранешниот Советски сојуз. Путин изразил надеж дека САД нема да брзаат со планираното инсталирање на антиракетен штит во Полска и Чешка. Во јули тој понуди опција за инсталирање на радарски систем во Азербејџан. На разговорите во Москва е присутен и американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс.