1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија не попушта за Сирија

1 февруари 2012

И покрај меѓународните повици, Русија опстојува на отпорот против резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Сирија, со која се бара оставка од претседателот Башар ал-Асад.

https://p.dw.com/p/13u07
Советот за безбедност на ОНФотографија: dapd

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин, на специјална сесија на највисокото безбедносно тело на ОН, рече дека светската организација не треба да се меша во внатрешен конфликт, како и дека санкциите не се најсоодветна мерка за запирање на насилството.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон не ја спомена Русија со име, но забележа дека оној што се противи на донесувањето на резолуцијата го прави покомплицирано запирањето на насилствата. Во име на Арапската лига, катарскиот премиер Хамед бен Џашем ал-Тани го повика Советот за безбедност да ја запре „машината за убивање“ на Асад.

Syrien Arabische Liga Beobachter
Арапските набљудувачи ја прекинаа мисијатаФотографија: REUTERS

5400 жртви досега во Сирија

За време на жестоката дебата постојаниот претставник на Сирија во ОН Башар Џафари ја отфрли секоја можност за соработка со меѓународната заедница во нејзините напори да ги запре борбите.

„Сирија никогаш нема да прифати да и‘ биде нарушен нејзиниот суверенитет“, изјави амбасадорот. „Не е ли чудно Арапската лига да бара од Советот поддршка за своите дејства против Сирија, а земјата секогаш ја заштитувала каузата на арапските земји?“, праша Џафари, кој ги отфрли обвинувањата против неговата влада, упатени од членки на Советот

Неодамна Лигата ја прекина набљудувачката мисија во Сирија поради недостаток на успех и натамошна ескалација на насилството во земјата.

Според проценките на ОН, од март минатата година до сега во Сирија се убиени повеќе од 5 400 луѓе.

Автор:АМ/СН/дв/миа

Редактор: Е.М. Фиданоска