Рупел: очекувам повторените избори да бидат демократски
13 јуни 2008Реклама
Македонија е важен дел од Балканот, таа е котва на стабилноста и пример за мултиетнички соживот, потенцираше Рупел во разговорот со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во Скопје.
Со оваа порака Брисел го засилува апелот до Македонија- в недела да биде искористена шансата за поправен испит по инцидентите на парламентарните избори на 1 јуни.