1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рохани: Од Иран не произлегува опасност

АТ/ дпа/ ртр/афп25 септември 2013

Неговата земја не била опасна. Тоа била „измислена закана“, нагласи новиот ирански претседател Рохани пред ОН. Тој зборуваше и за состојбата во Сирија и со тоа за главната тема на Генералното собрание.

https://p.dw.com/p/19o8X
Иранскиот претседател Хасан РоханиФотографија: Reuters

Тоа беше првиот настап на новиот претседател пред Обединетите нации. Таму неговиот претходник Махмуд Ахмаинеџад постојано предизвикуваше скандали со заканите за уништување на Израел и негирањето на Холокаустот.

Рохани напротив, откако ја презема функцијата во август, постојано испраќа умeрени, помирувачки тонови. И покрај тоа пред ОН опстојуваше на правото на неговата земја да смее да збогатува ураниум. Тоа меѓутоа не служело за воени цели: „Целта на атомската програма на една земја мора да значи мировна корист. Јас овде јасно соопштувам дека тоа е единствената цел на иранската атомска програма“. Атомско оружје немало место во безбедносната и одбранбена доктрина на неговата земја и била спротивна на религиозните убедувања.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестревеле го поздрави говорот на Рохани. „Тонот е целосно нов. Оттука има и причина за умерен оптимизам“, рече Вестервеле и дополни: „Иран би можело ова сериозно да го мисли“. Но поради иранската атомска програма и натаму е потребна „голема внимателност“. Техеран сега по ова прашање би требало да даде нови понуди.

Обама: Нема да толерираме Иран со атомско оружје

Претходно американскиот претседател Барак Обама пред Генералното собрание на ОН јасно порача дека САД нема да толерираат Иран да поседува атомско оружје. Земјата меѓутоа има право на мировно користење на атомската енергија. „Уверен сум, доколку би можеле да го решиме спорот околу иранската атомска програма, тоа би бил одлучувачки чекор по долгата улица на една тешка врска“, дополни Обама. Иран и САД по киднапирањето на повеќе од 50 Американци во 1979 година немаат дипломатски односи.

Barack Obama Rede UN
Американскиот претседател Барак ОбамаФотографија: Reuters

Уште пред почетокот на Генерлното собрание на ОН беше навестено дека ќе дојде до придвижување на атомските разговори со Иран: Уште оваа недела во Њујорк треба да се одржи средба на вето силите во Советот за безбедност на ОН и Германија со Иран, соопшти Белата куќа. Обама го именуваше министерот за надворешни работи Џон Кери како американски преговарач во атомските преговори.

Иран, според зборовите на Рохани во меѓувреме го има потребното знаење и збогатувањето зазема индустриски размери. Затоа било илузија, дека иранската атомска програма би можело да се стопира со „нелегален притисок“, рече тој алудирајќи на санкциите против неговата земја. Тие биле нечовечки. Особено обичните граѓани страдале поради тоа.

Погледот е свртен и кон Сирија

Рохани се осврна и на темата Сирија и со тоа зборуваше и за централната тема на Генералното собрание на ОН. Тој ги обвини силите надвор од регионот, дека со испорака на оружје го „милитализирале“ конфликтот во Сирија. Граѓанската војна била човечка катастрофа, смета Рохани. „За тоа нема воено решение“.

Овој став претходно го застапуваше и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Бан опомена да биде постигната дипломатска спогодба. Испораката на оружје на страните во војната би морале да бидат стопирани. Воено решение е илузија, смета Бан. Наспроти ова е позицијата на САД и Франција: Американскиот претседател Барак Обама во Њујорк ги повика вето силата Русија и другите членки на Советот за безбедност, да усвојат силна резолуција за Сирија, која ќе се заканува и со сила.

Слично се произнесе и францускиот претседател Франсоа Оланд. Тој зборуваше за „најубиствената војна на ова столетие“. Затоа би морало да има „силна резолуција“ која ќе се заканува со консеквенции. Текстот би морало да го содржи и барањето, дека одговорните за употребата на островниот гас би морале да бидат изведени пред лицето на правадта.

Обама уште еднаш нагласи дека бил сигурен дека зад стравотниот напад со хемиско оружје на 21. август би можел да стои само сирискиот властодржец Башар ел Асад. Секое друго тврдење било навреда за човечкиот разум, рече Обама.