1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Росток демонстрации

3 јуни 2007
https://p.dw.com/p/Ans6

Околу илјада лица се повредени во демонстрациите во Росток на противниците на глобализацијата, кои прераснаа во судир со силите за безбедност. Полицијата соопшти дека 433 нејзини припадници се повредени, 30 од нив сериозно. Уапсени се 78 насилници. Полицијата мораше да употреби водени топови за да ја растера масата противници на претстојниот самит на Г8 во Хајлигендам. Преставниците на мрежата Атак кои ги организираа мирните демонстрации ги осудија насилствата.