1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роналдо подобар во дуелот на „гол-машините“

ЕМФ/дв/бета16 ноември 2013

Кристијано Роналдо и‘ обезбеди на Португалија предност во дуелот против Шведска. Франција доживеа горчлив пораз во Украина и неизвесно е дали ќе патува на светското првенство во Бразил.

https://p.dw.com/p/1AIl2
Фотографија: afp

Со спектакуларен удар со глава Кристијано Роналдо ја донесе португалската репрезентација на чекор поблиску до светското првенство во фудбал. На осум минути пред крајот на натпреварот тој го постигна победничкиот гол против Шведска.

„Имаме најмала можна предност, но тоа е сепак подобро од нерешно“, оцени Роналдо по натпреварот, надевајќи се и на позитивен исход и на реванш натпреварот во Шведска за една недела. Инаку и Роналдо, и шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ, кој исто така важи за гол-титан (двајцата на насловната фотографија), во првото полувреме прикажаа бледа игра, поради тоа што беа добро „чувани“ од противничките играчи.

Франција со лоши изгледи

Франција вчеравечер (15.11.) загуби од Украина со 0:2, поради што патот на светското првенство во Бразил е неизвесен.

Во Рејкјавик, исмеваните Исланѓани се држеа храбро против Хрватска. Мечот заврши без голови 0:0, што значи дека доколку на реваншот биде постигнат резултат од 1:1 Исланѓаните за првпат во својата историја ќе учествуваат на едно светско фудбалско првенство.

Грците по вчерашниот натпревар стекнаа најголема предност. Тие во Атина ја победија Романија со 3:1.

Deutschland Italien Freundschaftsspiel
Матс Хумелс го постигна голот за ГерманијаФотографија: Getty Images

Германија играше пријателски натпревар против Италија

Германските репрезентативци вчеравечер играа тест-натпревар против Италијанците. Дуелот заврши нерешено 1:1. Германија нема победено против Италија цели 18 години. Сепак, тренерот Јоахим Лев е задоволен: „Задоволен сум. Прикажавме добра, борбена игра“.

Следниот пријателски тест-натпревар за Германија е веќе за неколку дена. Во вторник (19.11.) репрезентацијата игра против Англија.