Романскиот уставен суд ја одобри смената на Басеску
10 јули 2012Романскиот уставен суд ја прогласи за уставна постапката за смена на претседателот на државата, Трајан Басеску.
Судот констатира дека процедурата за прекин на надлежностите на претседателот Трајан Басеску е испочитувана. Должноста претседател времено ќе ја извршува Крин Антонеску, гласи решението на судот.
Претседателот на Сенатот Антонеску припаѓа на коалицијата на левоцентристичката влада на премиерот Виктор Понта, која го обвинува Басеску меѓу другото за вршење политичко влијание врз судството. Во петокот (06.07) парламентот во Букурешт со големо мнозинство го суспендира Басеску. Одлуката меѓутоа ќе биде валидна само ако биде потврдена на народниот референдум кон крајот на месецов, на 29. јули. Денеска судот треба да се произнесе по закон, кој ги менува условите за валидност на референдумот.
Германската канцеларка Ангела Меркел остро ја критикуваше владата на Романија поради спорната постапка за сменување на Басеску.
„Суспендирањето на Басеску и свикувањето референдум се направени на начин спротивен на основните прунципи на правото и без почитување на уставните органи“, изјави портпаролот Штефен Зајберт по телефонскиот разговор на Меркел со Басеску.