1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роан бара поддршка за планот на Ахтисари

Горан Петрески9 февруари 2007

Заменикот на специјалниот претставник на ОН за Косово,Албер Роан во Македонија разговараше со политичкиот врв на земјата,на кој му ги претстави деталите од планот на Ахтисари

https://p.dw.com/p/AdZQ
Албер Роан
Албер РоанФотографија: AP

Додека специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари во Њујорк го презентираше предлогот за решавање на статусот на Косово,неговиот заменик Албер Роан документот му го претставуваше на македонските власти.На својот шеф ќе му однесе добра вест,официјално Скопје лично го увери во ставот дека планот за Косово е прифатлив за Македонија.Поддршка изрази шефот на македонската дипломатија Антонио Милошовски:

-Стискаме палци предлогот на господин Ахтисари да добие што поголема поддршка,задоволни сме кога слушаме дека огромното мнозинство на земји од ЕУ стојат зад тој предлог,очекуваме нивна заедничка обединета позиција и се надеваме,веруваме дека наскоро и во Советот за безбедност на ОН ова прашање ќе ја добие потребната поддршка за да може да почне имплементацијата.За ОН е многу важна визата од Македонија што ја доби планот на Ахтисари,неговиот заменик објасни зошто:

-Добивме изјави на поддршка,нагласив дека позицијата на Македонија како земја сосед на Косово и земја од регионот е многу важна за земјите членки на ЕУ,за Советот за безбедност на ОН и затоа ние сме многу благодарни за поддршката што ја добивме,изјави Роан.

Во планот на Ахтисари Македонија гледа шанса за што побрзо затворање на прашањето со границата.За властите во Скопје прашањето е техничко,а не политичко.Очекуваат одбележувањето на границата да заврши во предвидениот рок,за да може регионот да му се посвети на приоритетите:

-Предлог планот е добра основа за решавање на овој проблем,сметаме дека што поскорото затворање на ова прашање за Косово ќе ослободи една нова енергија во целиот регион,наместо регионот да се занимава и да троши енергија на вакви предизвици,целата своја конструктивна енергија да ја насочи во евроатланските интеграции,рече министерот за надворешни работи Антонио Милошовски.Освен со него дипломатот на ОН синоќа за иднината на Косово и импликациите врз регионот разговараше и со претседателот на Македонија,премиерот и претседателот на Собранието.