1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ријад против Иран и Венецуела

19 ноември 2007

Вчера во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад заврши самитот на земјите извознички на нафта ОПЕК. Во фокусот на дводневните разговори – високата цена на нафтата. Меѓу учесниците – разлики.

https://p.dw.com/p/CIl4
ОПЕК засега нема намера да го зголемува производствотоФотографија: AP

Под мотото „Да се продава нафта, да се шири богатството и да се штити околината„, Саудиска Арабија сакаше овој самит да го претвори во демонстрација на социјалниот и еколошкиот ангажман на ОПЕК. Меѓутоа, членките, пред се двата најсилини противника на Саудијците – Венецуела и Иран – му го спречија тоа задоволство на домаќинот. Сепак, во атомскиот спор со Иран би можело да дојде до движење. Според агенцијата Доу Џонс, иранскиот претседател Ахмадинеџад позитивно го примили предлогот на советот за соработка во Персискиот залив. Со него се предвидува независен конзорциум во неутрална држава да збогатува ураниум што потоа би бил испорачан до атомските централи во Иран или на друго место во регионот. Саудиската иницијатива за заштита на климата не наиде на поддршка. Со неа беше предложен фонд што ќе го поддржуваат производителите на нафта и потрошувачите со кој би се помагала редукцијата на ЦО-2 во целиот свет. Саудијците ставија на располагање 300 милиони долари и пред самитот многу се ангажираа за тоа. Меѓутоа, во завршното соопштение се најде само општата констатација дека ОПЕК ја дели загриженоста на меѓународната заедница, а затоплувањето на Земјата го третира како долгорочен предизвик.

Сегашните цени на нафтата во соопштението се оценети како оправдани, а пазарот е доволно снабден. За можно зголемување на црпењето ќе разговараат министрите за нафта на ОПЕК во почетокот на декември во Абу Даби.

Многу појасни од содржината на соопштението, беа изјавите на противниците на Суиска Арабија. Најнапред Иран предложи во завршниот текст да се внесе пасус поврзан со салбоста на доларот. Ако се вклучи инфлацијата на доларот, тогаш цената на барелот и натаму е ефтина, гласеше иранската математика. Претседателот на Еквадор, Кореја, побара нафтата да се продава во посилна валута. И други држави размислуваат за тоа, своите девизни резерви да ги претворат во евра. Саудискиот крал, сепак спречи секакво укажување на слабоста на доларот. Спроед него тоа е тема со која секоја челнка на ОПЕК треба самата да се занимава, зашто ОПЕК не е политичка организација. Со слична решителност, кралот Абдалах се обрати до претседателот на Венецуела Хуго Чавез кој во својот говор упати остри зборови на американска адреса: „Ако САД се луди да го нападнат Иран или да извршат агресија врз Венецуела, тогаш цената на нафтата нема да остане на 100, туку ќе порасне до 200 долари„ се закани Чавез. Тој смета дека ОПЕК има посилна позиција од кога и да е и дека треба геополитички да ја искористи. Кралот Абдалах остро се спротивстави и изјави дека ОПЕК секогаш дејствувал умерено и мудро, и така ќе прави и во иднина. До инцидент сепак не дојде.