Речиси сите фаворити во полуфинале
9 февруари 2012Бајерн Минхен повторно влезе во препознатливата форма од есенскиот дел од сезоната и во секој поглед го надигра Штудгарт кој на домашен терен не успеја да создаде повеќе од две полушанси. Во условно кажано дербите во четвртфиналните натпревари „Баварците“ ги совладаа „Швабите“ со 2:0 го головите на Франк Рибери и Марио Гомез. Германските коментатори сметаат дека клучно за убедливата игра на Бајерн било враќањето на успешната тактика од есенскиот дел со Тони Крос во функција на креатор на играта. Во првите три натпревари од пролетниот дел од сезоната Бајерн играше некреативно во нападот и несигурно во одбраната а Тони Крос заедно со Бастијан Швајнштајгер имаше подефанзивна улога во средниот ред. Иако Бајерн во синоќешниот натпревар по само 17 минути го загуби Швајнштајгер кој претрпе повреда на скочниот зглоб и 90 минути играше без супеѕвездата Арјен Робен, сепак ја демонстрираше препознатливата доминантност.
Менхенглабах среќно во полуфиналето
Доминантно во вторникот одигра и актуелниот шампион и лидер на табелата во Бундеслигата Борусија Дортмунд против четвртолигашот Холштајн Кил и славеше на гости со 4:0. „Црно- жолтите“ се во топ форма иако во нивните редови поради повреда не се клучните играчи Марио Геце и Свен Бендер. Аматерите од Кил немаа никаква шанса за изнеанадување како во претходните три куп натпревари во кои ги совладаа второлигашите, Енерги Котбус и Дуизбург и прволигашот Мајнц.
Борусија Менхенгладбах ја продолжи серијата успеси , иако овојпат победата не беше производ на извонредната игра што ја покажува тимот во изминатиот период туку повеќе резултат на неспортски потег и грешка на судијата. Домаќинот Херта од Берлин во вчерашното четрвртфинале играше подобро во 90. минути и во продолженијата но по една сцена во 101. минута во шеснаесетникот во која гостинскиот напаѓач Иван де Камарго „одглуми“ дека без топка е нападнат од играчот на Херта Роберт Хубник, судијата Феликс Брих го исклучи Хубник и досуди пенал. Менхенгладбах го релизираше пеналот и тука беше крајот за надежите на Херта. Конечниот резултат од 2:0 за Борусија беше постигнат во 120 минута.
Сменет тренерот на Хофенхајм
Во полуфиналето на германскиот куп покрај овие врвни три екипи од Бундеслигата ќе игра и Гројтер Фирт како единствен второлигаш . Екипата од Фирт како гостин во четвртфиналето го победи прволигашот Хофенхајм со 1:0 со голот на Оушн во 44. минута. Со тоа по слабиот старт на пролетниот дел од сезоната кризата во Хофенхајм се продлабочи. Како последица на тоа денеска (09.02.2012) оставка доби тренерот Холгер Станиславски. Тој пред почетокот на сезоната дојде од тимот на Санкт Паули кој испадна од Бундеслигата. 42- годишниот Станиславски требаше на Хофенхајм да му донесе подобри резултати и имиџ. Како негов наследник во Хофенхајм се споменува Маркус Бабел, кој до крајот на есенскиот дел од сезоната ја предводеше Херта Берлин..
Автор:СН/БГ/дпа/дв
Редактор: Борис Георгиевски