1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Република Вардарска Македонија“ - можен консензус?

14 јуни 2010

Атина и Скопје во текот на летото ќе постигнат договор за името, објави грчката телевизија „Антена“.

https://p.dw.com/p/NqVZ
Фотографија: DW

Според Антена на преговорите се очекува да „победи“ називот Вардарска Македонија, бидејќи ги исполнува грчките барања за географска одредница, а истовремено во Скопје се употребува за диференцијација од Егејска Македонија. Во информацијата се вели дека Скопје за прв пат покажува желба за изнаоѓање на решение и затоа преговорите, кои се водат на повеќе нивоа далеку од очите на јавноста, внесуваат оптимизам. Доколку ова име биде прифатено „Република Вардарска Македонија“ ќе се користи во комуникацијата со меѓународната заедница и ќе биде напишано во пасошите, јави грчката телевизија „Антена“.

Автор: ЗЈ/ЖА/makfaks

Редактор: Жана Ацеска