1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Не можев да гласам за Трамп“

Михаел Книге
19 декември 2016

Наместо да го даде гласот за Доналд Трамп, член на електорскиот колегиум си поднесе оставка. Во интервју за ДВ тој објаснува зошто неговата совест не му дозволила да му помогне на Трамп да стане претседател.

https://p.dw.com/p/2UUxD
USA New Hampshire Donald Trump
Фотографија: Reuters/B. Snyder

ДВ: Што придонесе да одлучите дека не можете да го дадете гласот за Доналд Трамп?

Арт Сиснерос: Кога бев избран да ја извршувам оваа благородна позиција сфатив дека не разбирам многу за историјата на истата, па затоа почнав да истражувам кои се одговорностите на електорите при формирањето на електорскиот колегиум и открив дека тие треба да гласаат според својата совест, а не по секоја цена како што е волјата на мнозинството на гласачи. Тие биле избирани како претставници кои гласале според својата совест.

Кога сфатив дека тоа била историската улога на електорите, се прашав себеси: „Што ми наложува мојата совест?“ Како христијанин сфатив дека морам да се водам по Библијата и да видам што вели за тоа за кого треба да гласам и дали се осврнува на гласањето. Открив дека се осврнува и дека дава специфични насоки за тоа каков тип на личност треба да избереме и сфатив дека Трамп не ги исполнува тие квалификации.

Art Sisneros, Wahlmann aus Texas
Фотографија: A. Sisneros

Од вашето христијанско гледиште, на кој начин Доналд Трамп не ги исполнува квалификациите за претседател?

Тие се доста едноставни и не се екстремно сложени. Според нив, тоа треба да биде човек кој се плаши од Бог, кој владее правично и фер според стандардите на Бог и тоа значи дека не фаворизира одредени групи на луѓе или пријатели. Тоа значи дека законот е еднаков за сите луѓе. Тоа значи дека не крадеме од луѓето и дека не ја користиме власта за сопствени цели.

Можете да видите дека дури и како бизнисмен тој ја користел владата и лобирал на нефер начин за да оствари лична корист. Тој користеше влијаније за да добие туѓа приватна сопственост за сопствениот бизнис. Тој е индивидуа која го искористи своето влијание за сопствена предност. Го разбирам зошто го прави тоа, но тоа значи дека не сметам дека како човек со моќ тој ќе се однесува кон сите фер.

Имаше ли конкретен момент кој ја предизвика вашата одлука или тоа беше процес?

Тоа беше повеќе процес. Тој е ист. Ништо не се промени кај Трамп од пред една година, од пред шест месеци и денес. Тоа беше процес на зреење на моето убедување за кого треба да гласам. Откако тој стандард беше јасно поставен во мојот ум, од тогаш во ниту еден момент Трамп не се квалификуваше за таа улога. Промената не беше толку кон Доналд Трамп колку што беше во моето разбирање за тоа кои се квалификациите. 

Вие одлучивте да се повлечето од вашата функција откако станавте мета на голема критика откако кажавте дека не би можеле да гласата за Доналд Трамп. Дали се каете за одлуката?

Убеден сум дека тоа беше вистинската одлука. Стандардите се сеуште истите и не мислам дека нешто се промени кај него. Тој сеуште не се квалификува. Главната причина поради која поднесов оставка беше дека во изборниот процес, во нашата сојузна држава Тексас, има согласност дека треба да се гласа за номинираниот кандидат. Затоа луѓето ме избраа, но јас не им кажав за тоа што ми се случуваше и за еволуцијата на моето размислување. Тие сепак ќе најдат некој кој ќе гласа за номинираниот, јас ја кажав мојата порака дека тоа не можам да бидам јас затоа што не можам да правам компромиси.

Дали имате порака или нешто што би сакале да им порачате на останатите републикански електрои, со оглед на тоа дека и во самиот тек на кампањата многу републиканци имааа сомнежи за Трамп?

Мислам дека електорите мора да сфатат каква е нивната позиција. И дека нивната улога никогаш не била креирана за да го потврди изборот на народот. Тоа не е нашиот систем. Во таа смисла нашиот систем не е чиста демократија, тоа повеќе наликува на република. Тие треба да размислат за тоа која е нивната улога и да размислат што им вели нивната совест. Не ги насочувам луѓето како да размислуваат, Само објаснувам како јас размислувам, но треба да гласаат како што им налага совеста.

Арт Сисернос е републиканец од Тексас. Тој се повлече од функцијата електор бидејќи одлучи дека не може да го даде неговиот глас за Доналд Трамп. Интервјуто го водеше Михаел Книге.