1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Религиски судири во Египет

18 април 2006

И покрај фактот дека односите меѓу Мулсиманите и Коптите во Египет важат како добри, постојано доаѓа до судири меѓу нив, како во минатиот викенд во Александрија.

https://p.dw.com/p/Ae2I
Велигден во Египет
Велигден во ЕгипетФотографија: AP

Во неделата, додека христијаните од целиот свет ја слушаа велигденската миса на папата што беше пренесувана во живо од Рим, коптските православци се собраа на миса по повод неделата на палмата. Меѓутоа, атмосферата беше затегната, зашто во петокот дојде до напади врз повеќе коптски цркви: почина едно, а повеќе лица беа повредени.

Во неделата, непосредно по мисата, околу 200 млади христијани, главно на возраст меѓу 20 и 30 години, се обидоа да ја пробијат заштитата на полицијата. Околу 2 илјади полицајци ја опколија црквата за време на мисата за да спречат нова ескалација на насилството. Младите христијани носеа дрвени крстови и ножеви. Полицијата употреби солзавец за да спречи демонстрации низ улиците на Александрија. Во судирите учествуваа и Муслимани.

Односите меѓу Коптите и Муслиманите во Египет општо се оценуват како мирни и добри. Сепак, непредвидливо е кога може да дојде до судири. Во почетокот на 2-илјадитата година во коптското село Ал Кошех од муслиманската толпа беа убиени 19 христијани. Во 2002-та група млади муслимани го спречуваше осветувањето на една црква во градот Магага и подметна пожар. Пред шест месеци во Александрија загинаа тројца Мулсимани во антикоптските демонстрации. Владата, како и муслиманските организации постојано се обидуваат да ја смират ситуацијата. Муслиманското братство остро го осуди последниот инцидент и вети помош за решавање на конфликтите. Меѓутоа, бесот не Коптите има основа: само шестмина од вкупно 454 пратеници во парламентот на Египет се Копти. Не постои ниту еден провинциски гувернер Копт, и само еден министер е Копт. Законите ја оневозможуваат изградбата на нови цркви, меѓутоа и исламското братство води акција со пароли од типот „Исламот е решението„ со што придонесува Коптите да бидат третирани како луѓе од втора класа. Сето тоа придонесува за затегнатост што е постојано на работ на насилство. Меѓутоа и вкупната ситуација во светот ги прегрејува емоциите. Така, напаѓачот од петокот кој го избоде 78-годишниот Копт, сакал, како што тврдат властите, да се одмазди за данските карикаутури за Мохамед, влегувајќи во црквата со повикот „Алах е голем„.