Рекорден промет на „машината за пари“ - Бундеслигата
28 јануари 2014„Машината за правење пари“, Бундеслигата, работи со полна пареа: 18-те клубови во елитната класа во минатата сезона оствариле обрт од 2,17 милијарди евра и со тоа пораст деветти пат по ред. Ова денеска го соопшти Кристијан Зајферт, првиот човек на деловното раководство на Германската фудбалска лига, при претставувањето на извештајот во Франкфурт. 18-те професионални клубови во сезоната 2011/2012 остварија обрт од над 2 милијарди евра. Освен тоа, клубовите во првата лига минатата сезона забележале 383,5 ,илиони евра оперативна добивка, рекорд во историјата.
Резултатот носи силен печат на фудбалските клубови Бајерн и Борусија Дортмунд, изјави Зајферт, повикувајќи се на податоците за енормните приходи на двајцата финалисти во Лигата на шампиони.
Но, колку е импозантен успехот на Бундеслигата дома, толку е присутна потребата од подобрување во странство. На планот на маркетиншкиот пласман на Бундеслигата во странство, таа се‘уште може само „да и‘ носи вода“ на англиската Премиер лига. Тоа нема да се промени брзо ни во следните години, зашто, како што истакнува Зајферт, договорите за странство, како и другите договори со медиумите во спортската област, по правило се на три до четири години.