Рекорден пад на невработеноста во Германија
3 јануари 2012Помалку невработени лица претходно имало во 1991 година. Позитивниот тренд продолжил и во декември. На крајот од минатиот месец во Германија имало 2,78 милиони луѓе без работа, односно стапка на невработеност од 6,6 проценти, што е за 0,6 проценти помалку во споредба со 7,1 насто од претходната година.
Вообичаеното за зимскиот период намалување на вработувањето во декември е помало отколку претходните години.
Според податоците, минатата година во Германија имало најмногу слободни работни места од бумот по обединувањето. Соборен е дури и рекордот на побарувачката работна сила од ноември.
Најголем број слободни работни места според податоците и натаму има во секторот на временски ограничените вработувања. Во меѓувреме, речиси секое трето работно место отпаѓа на работата на одредено време. Нови работници се бараат најмногу во трговијата на големо и на мало, во градежништвото и во гастрономијата, а зголемена е побарувачката и во здравството и во социјалата.
Експертите сепак признаваат дека во поглед на пазарот на работна сила за оваа, 2012-та година, владее голема неизвесност. Додека дел од стручњаците прогнозираат привремено зголемување на невработеноста како последица на слабеење на конјуктурата, дел се со попесимистички предвидувања.
Автор: ЖА/ БГ/ дпа/ дв/ ртре
Редактор: Александра Трајковска