Регионалната криза за струја ја демне и Македонија
28 ноември 2011Од АД Електрани на Македонија велат дека во споредба со лани, дотокот на водите е помал за дури 70%. Доколку продолжи ваквиот тренд ќе мора да се прави интервентен увоз: „Засега ЕЛЕМ има увезено струја на ниво од лани, а се очекува истиот да се надмине доколку сушата продолжи“, изјави Мирче Котевски портпарол на ЕЛЕМ.
Инаку по примерот на Србија и енергетските компании во Македонија апелираат граѓаните да штедат струја. Зголемената побарувачка на струја во регионот ќе ја зголеми и пазарната цена. Засега само Бугарија е земјата која не само што нема недостиг од струја, туку и бележи рекорден извоз. Ваквата ситуација според експертите би значело дека земјите од регионот вклучително и Македонија ќе мора да купуваат поскапа струја, што во крајна линија ќе се одрази и врз цената која ја плаќаат граѓаните.
Автор: Костадин Делимитов
Редактор: Ж.Ацеска