Ревизија на учебниците?
29 септември 2018Реклама
Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името, меѓу другото, предвидува и формирање Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, кој ќе го разгледува научното толкување на историските настани. Комитетот, кој е формиран пред дваесетина дена, има задача да разгледа и доколку е неопходно да изврши ревизија на учебниците, во согласност со начелата на УНЕСКО и Советот на Европа. Проблем кој не е лесен за решавање, а тоа го знае и нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Кристина и Алексија, кои се занимаваа со темата.