1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајс во Брисел

10 февруари 2005

Со министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, вчера во Брисел разговараше нивната американска колешка, Кондолиза Рајс. Таа беше примена и од претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо и еврокомесраот за надворешна политика, Бенита Фереро Валднер.

https://p.dw.com/p/AcHR
Фотографија: AP

"See you later" , ќе се видиме подоцна, беа нејзините први зборови. Потоа американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс исчезна во долгите ходници на штабот на НАТО во Брисел. Генералниот секретар на алијансата , Јап Де Хоп Шефер, ја покани на работен ручек. Со црвено вино и редок вид печурки,шефот на американската дипломатија подготвуваше терен за посетата на американскиот претседател, Џорџ Буш на Брисел, на 22 февруари. Во фокус на разговорите беше ангажманот на НАТО во Ирак.

”Мора да кажам дека е ова најдобра дискусија околу Ирак по падот на Садам Хусеин, и уште пред тоа, зашто ова беше сосема единствена алијанса. Единствена, зашто знаеме што мораме да направиме.“

Дури на потпрашање на новинарите, Рајс проговори и за Иран, чија атомска програма американскиот претседател, сака ако е тоа потребно, да ја запре и со сила. Европејците, наспроти тоа, се за дипломатија:

”Немаме временски определен план. И натаму сме во блиска соработка со Европејците околу тоа дали Иранците прават напредок. Ние едноставно ќе ја следиме и ќе ја продолжиме дискусијата.”

По работниот ручек, американската министерка имаше средба и со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо и еврокомесарот за надворешна политика, Бенита Фереро Валднер. Темите за разговор беа исти како и претпладнето, само што Рајс уште еднаш го зголеми притисокот врз унијата да се размисли сериозно околу американските несогласувања со укинување на ембаргото за оружје против Кина. На крајот од средбите сепак преовлада решителноста.

”САД или Еврппа не можат сами да се справат со предизвиците. Тоа не е можно. Затоа, да соработуваме. Основните вредности ни се исти”, рече Барозо по разговорите со Рајс.

Американската министерка денеска ја завршува еднонеделната турнеја по Европа и Блискиот исток, со посетата на Луксембург.