Рахман е слободен
28 март 2006Абдул Рахман е слободен. Потврди заменикот државен обвинител Мохамед Есхак Алоко во Кабул „Предметот е вратен од судот. Поради некои ситни работи и поради неговата болест актите се вратени до државното обвинтелство. Затоа моравме да одлучиме да биде ослободен.“
Очигледно Абдул Рахман е непресметлив, барем така навести државниот обвинител Алоко. Против 40 годишниот Рахман беше отворен процес поради неговото конвертирање во христијанството, поради што според исламското право му се закануваше смртна казна, но ако е непресметлив тогаш неможе да му се префрлува за промена на верата.
Тоа што Рахман сега е слободен, треба да се заблагодари на масовниот политички притисок врз авганистанската влада. Германија, САД и ЕУ на претседателот на Авганистан му се заканија и со стопирање на финасисктаа помош, а за Рахман се заложи и папата Бенедикт 16.
Каде во моментов се наоѓа Абдул Рахман, поради безбдност за неговиот живот, не и е познато на јавноста. За викендот поради закана за убиство беше префрлен во единечна ќелија во затворот, а во понеделникот повеќе стотици демонстранти во Масар и Шариф бараа убиство на Абдул Рахман.
Најевројатно Абдул Рахман нема да остане во Авганистан. ОН, каде што побара азил во моентов преговараат во негово име. Ова го потврди и портпаролот на ОН во Кабул, Ендру Едвардс „Тесно соработуваме со авганистанската влада за да најдеме решение. Господин Рахман побара азил надвор од Авганистан и сметаме на тоа дека ќе се најде земја.“
Рахман долги години живееле во Германија пред да се врати во Авганистан, за да помогне за обновата на земјата.