Расте притисокот од Јужна Америка врз Парагвај
25 јуни 2012Чавес рече на воената парада во Каракас дека разрешувањето на Луго е незаконско и оти Венецуела нема да ја признае новата парагвајска влада. Чавез одлуката за смена на Луго ја спореди со пучот во Хондурас во 2009-та година, во кој беше симнат од власт претседателот Мануел Зелаја.
Според Хуго Чавез, смената на Луго може да предизвика притисок врз земјата, а посебно врз парагвајските пратеници, за промена на таквата одлука.
Одлуката на парагвајскиот Парламент за разрешување на Луго предизвика силно несогласување во Латинска Америка. Аргентина, Бразил, Венецуела, Еквадор, Колумбија, Уругвај и Чиле ги повлекоа своите амбасадори од Парагвај поради разрешувањето на Луго, а Перу планира да го стори тоа во брзо време.
Јужноамериканската регионална организација Меркосур го лиши Парагвај од правото да учествува во претстојниот форум во Аргентина на 28 и 29 јуни.