1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте критиката против германскиот претседател Вулф

3 јануари 2012

Германскиот претседател Кристијан Вулф повторно се наоѓа под засилен притисок на јавноста поради неговиот однос кон медиумите во аферата со приватниот кредит за изградба на неговата куќа.

https://p.dw.com/p/13d85
Претседателот Кристијан Вулф се јавил во „Билд“ и издавачката куќа „Аксел Шпрингер“Фотографија: dapd

Весникот „Билд“ потврди дека сојузниот германски претседател Кристијан Вулф се обидел во декември минатата година лично да го спречи првото објавување на истражувањата околу финансирањето на неговата приватна куќа. Тој кај главниот уредник на весникот, Кај Дикман, се заканувал со казнено-правни консеквенци за авторот на текстот. Вулф неуспешно интервенирал и кај Матијас Дефнер, прв човек на издавачката куќа „Аксел Шпрингер“, која го издава булеварскиот весник „Билд“, потврдија од таму.

Од „Билд“ тргна аферата за приватниот кредит

Новинарските здруженија и опозицијата реагираа со остра критика. Вулф досега не се изјасни за конкретната постапка, но изјави дека слободата за медиумите ја смета за едно од највисоките добра на демократијата.

Весникот „Билд“ на 13 декември објави дека претседателот, кога бил премиер на покраината Долна Саксонија, пред државните органи прикрил свои врски со богат бизнисмен од покраината, чија сопруга му позајмила 500.000 евра за израдба на семејната куќа. По засилениот притисок, Вулф на крајот од месецот конечно изрази жалење за оваа афера. Новите информации за притисокот што го вршел врз медиумите меѓутоа дополнително ја влошуваат неговата позиција во германската јавност.

Автор: СН/ ЕМФ/ дпа/ дапд

Редактор: Александра Трајковска