1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Растечка нервоза во Вашингтон

8 април 2004

Со денови расте притисокот врз американската администрација: воено во Ирак и политички дома. Вчера министерот за одбрана Доналд Рамсфелд се појави на лошо подготвена прес-коференција

https://p.dw.com/p/AcOB
Рамсфлед во НАТО
Рамсфлед во НАТОФотографија: AP

Очигледни беа лутината и загриженоста кај Рамсфелд. Се појави намуртен на спонтано организираната прес-коференција и со бројот од преку 30 загинати војници пред очи од неделата наваму, соопшти: “Нема да се потресеме, а тоа важи и за Ирачаните кои сакаат слободен живот“:

“Не домарширавме до Ирак од преку стотици милји и не плативме со смртта на војниците висока цена за сега да се повлечеме пред една банда поодмолници и атентатори".

“Она што се случува во Ирак не е востание. Немаме работа со армија, тоа се мали групи“ изјави Рамсфелд и му се обрати на ирачкиот народ. Ова е историски момент за земјата и граѓаните:

“Ирачките луѓе треба да решат на која страна се, конечно тоа е нивна земја“.

Тој не соопшти дека 115-те илјади војници кои сега чекаат замена, поради новиот бран насилство веројатно подолго ќе останат во земјата од планираното. Прекршено е ветувањето на владата на Буш: една година на фронт, потоа назад дома. Ништо не е дефинитивно решено. Сега почнува ротацијата и сосема е можно искусните војници да останат нешто подолго:

“Пред да ви дадам детали вам на новинарите, прво ќе ги иноформираме војниците“.

Дик Мејерс, највисокиот офицер во земјата кој се наоѓаше покрај Рамсфелд, изјави:

“Секогаш велевме дека на командантите на терен ќе им ставиме на располагање толку војници и материјал колку што е неопходно“.

Неколку часа претходно, стариот сенатор Роберт Брд, моралната совест на американскиот сенат како никогаш порано изрече јасни зборови:

“Оваа војна во Ирак е реална. Тоа не е вестрен што го гледал Буш во младоста каде што на крајот победуваат добрите. Војната е реална и секој војник може да ви каже: реалноста е хаотична, крвава и страшна“. Запрашан за коментар на ваквите зборови Рамсфлед се обиде да остане мирен:

“Овде секој може да каже што сака. Во слободен систем ние можеме со тоа да живееме“.