1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

РАСПРАВА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗА БАЛКАНОТ И ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА

14 април 2005
https://p.dw.com/p/AcG9

Денес во Стразбур, европратениците ќе треба да се изјаснат по Предлог-резолуцијата за Западен Балкан, предложена од данскиот пратеник Андерс Самуелсен. Групата на Европските зелени со свој амандман поддржан од групата на демократите и лебералите бараат од државите-членки на ЕУ да ја признаат Македонија под уставното име.

- Ние ги знаеме историските факти, можеби ќе имаме решение „Република Македонија – Скопје“ или „Нова Македонија“ и на крајот на краиштата за неколку години сите ќе го признаат името Македонија како име на земјата. САД, Русија и Кина веќе ја признаа под тоа име и затоа ние сметаме дека Советот на Европската Унија треба да се произнесе по ова прашање, смета данскиот европратеник Андрес Самуелсен предлагачот на резолуцијата.

Во расправата по декларацијата на Европската комисија за „Состојбата со регионалната интеграција на Западен Балкан", како и што се очекуваше, беше допрено прашањето за името.

Ако, Самуелсен изрази надеж дека ќе се успее да се изнајди решение за името на на Македонија, грчкиот европарламентарец Георгиос Папастамкос, инаку претседавач на делегацијата на ЕП за односи со Македонијам без изненадување нагласи:

- Неприфатливи се извесен број на предлози изнесени од господинот Самуелсен за ПЈРМ. Заради политичка одговорност, ЕП исто како и другите европски институции треба да ја користат официјалната деноминација призната од ООН.

Неговиот сонародник Панајотис Беглитис, од редовите на социјалистите со слично мислење:

- Иницијативите на Зелените и либералите, кои претставија амандмани за името на ПЈРМ и барањето да се признае новото име, ме присили да се изјаснам по ова прашање. Ова според Беглитис се позиции против ООН и позициите на официјалните европски институции меѓу кои и ЕП. Тоа е и флагрантно покажување на несолидарност кон една земја членка на ЕУ, мислам на Грција, во моментот кога има преговори под закрила на ООН. Повикувајќи ги зелените и либералите и демократите да ги повлечат амандманите и воедно европската комисија да заземи став по ова прашање.

За словенечката европарлачентарка Мојца Дрчар Мурко, За да Македонија продолжи по патот кон Европа, Државата има потреба од јасни перспективи за приближување кон ЕУ

- Дојдено е времето, ЕУ да ја признае под нејзиното уставно име Република Македонија.

Германскиот европратеник Бернд Поселт нагласи:

- Потребно е да биде решен проблемот со името на Македонија, тој притоа ги повика грчките европратеници да престанат со нивното јадно однесување во дебатата.

- Никој не би побарал од Франција да го смени името, за да се вика „Република од Париз“, за да не го навреди чувството на Франките од Франкија.

Еврокомесарот Оли Рен, по прашањето за името со став:

- Комисијата ги поддржува напорите на ОН за изнаоѓање на коректно решение меѓу Грција и ПЈРМ. Ние се надеваме дека последните предлози од олеснувачот на ОН, Г-динот Нимиц ќе придонесат за да се подобри ситуацијата. Решението на овај билатерален конфликт, според Рен ќе придонеси за подобра стабилизација на регинот Западен Балкан во овај деликатен момент.

Осврнувајќи се на европските перспективи на Македонија, во дебатата Рен нагласи:

- Моите служби ги анализираат 13 000 страници или 44 килограми на одговори. Ние очекуваме владата да напредне повеќе на патот на реформите за да ги спроведување на Охридскиот договор.

Во зависност од политичкиот развој и напредокот на економските и другите реформи и врз основа на квалитетот на одговорите на прашалникот, ние сметаме да го дадеме мислењето до крајот на годинавам рече еврокомесарот. Притоа пред европскиот парламент прито тој се осврна и на локалните избори во Македонија.

- По извештајот на ОБСЕ за повторувањето на нерегуларностите на локалните избори, сега е важно, властите да преземат решителни мерки и да обезбедат следните избори да бидат спроведени во согласност со меѓународните стандарди",.

Тој оцени дека повеќето земји од регионот на Западен Балкан оствариле забележителен напредок во односите со ЕУ, но дека се уште треба да се соочуваат со многу прашања.

Според Рен, „Оваа и следната година ќе бидат пресудни за односите на Западен Блакан со Унијата“.