1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Распоред за прием во НАТО нема

Младен Чадиковски23 март 2006

Распоред со датуми за прием на нови членки нема. Сите земји треба да ги спроведат реформите - гласи пораката на генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер што му ја даде на македоснкиот премиер Владо Бучковски во Брисел.

https://p.dw.com/p/Ac7u
Седиштето на НАТО во Брисел
Седиштето на НАТО во БриселФотографија: NATO

Од еврокомесарите Солана и Рен ќе се побара поддршка во интегративните процеси на Република Македонија кон ЕУ, со слична содржина како вчера пред НАТО амбасадорите. Но ако пораките што ќе дојдат од Хавиер Солана и Оли Рен бидат слични со онаа на првиот човек на НАТО Јаап де Хоп Шефер, тогаш за Македонија нема друга солуција освен фер избори.

Вчера Шефер изјави не сто туку сто и десет проценти чисти избори ако сакате поблиску до НАТО. „Верувајте сето ова што го говореше како дел од малата шега за сто и десет проценти фер избори во Република Македонија во периодот кој престои само го одразуваат степенот на доверба кој меѓусебе го градат НАТО и Република Македонија“ рече македонскиот премиер.

Бучковски пак пред амбасадорите на Алијансата ги глорифицираше македоснките светли точки, Рамковен договор, 21 проценти Албанци во администрацијата, подобрена инвестициона и бизнис клима, продадено ЕСМ на транспарентен начин, судството засилено, учеството во воените операции на НАТО и натаму е македонски приоритет.

Бучковски побара Република Македонија да не биде заборавена на ноемврискиот самит во Рига. Истиот тој за кој долго време ја уверуваше јавноста дека е порта за прием во НАТО. Сега е јасно дека Рига е шанса за Македонија, само да остане во игра со подотворена врата за големата амбицја полноправно членство во НАТО. 2008 е новиот тајминг на кој типува македонската власт, но јасно е без фер избори и Унијата и НАТО остануваат далеку.