1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расмусен: Време е да се создаде нова Либија

22 август 2011

Западните земји повторно го повикаа властодржецот во Либија, Моамер ел-Гадафи да се повлече од функцијата и да се сопре крвопролевањето. Германија изрази подготвеност за можно учество во воената стабилизација на земјата.

https://p.dw.com/p/12L6X
Фотографија: dapd

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, синоќа изјави дека е време да се создаде нова Либија, заснована врз мир и демократија.

Портпарол на американскиот претседател Барак Обама, пак, во Вашингтон истакна дека деновите на Гадафи се избројани.

Истовремено, германската канцеларка Ангела Меркел го повика либискиот диктатор Моамер Гадафи што поскоро да се повлече од функцијата, со цел да се спречи натамошно крвопролевање. Иако Германија не се вклучи активно во воздушните напади на НАТО во Либија, германскиот министер за одбрана, Томас де Мезие, соопшти дека не ја исклучува можноста Бундесверот да земе учество во воената стабилизација на земјата.

Автор: ТТ/ АТ/ дв

Редактор: Е.М.Фиданоска