1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Развод на ”божествениот брак”

Јерг Пфул15 мај 2007

Дајмлер го продава Крајслер. Купувач на американскиот концерн Крајслер е американскиот инвеститор Церберус. Германски Дајмлер ќе касира 5,5, милијарди долари.

https://p.dw.com/p/AeIX
Фотографија: AP

Финансиерот од Њујорк, Церберус, презема 80% од концернот Крајслер. Шефот на Дајмлер, Дитер Цече, вели дека откако дефицитарниот бизнис на Крајслер ги ставил под притисок акциите на Дајмлер, не останал друг избор – освен разделба. Цече и самиот со години се обидуваше да го санира Крајслер и ова и за него е тежок чекор:”Ова во секој поглед што за нас беше важен, беше најдобрата поунуда”.

Цече наведува два важни пункта – прво, Крајслер ќе има еден вид нов почеток, со свежи средства, и второ, Дајмлер се ослободува од скапите обврски за пензии и здравствена грижа за луѓето на Крајслер. Но, ако се сведе биланс, излетот преку Атлантикот беше скап експеримент. Тогаш Дајмлер за Крајслер плати многу милијарди, и дури и сега за да се ослободи од Крајслер треба да даде уште финансиски средства. Но, конечно е завршено. Банкарскиот аналитичар, Роберт Халвер фон Фонтобел, објаснува:

”Чинеше многу,многу,многу пари, но подобро мачен крај, отколку мака без крај. ”

И кај вработените во Мерцедес во Германија се забележува олеснување: ”Фала му на бога, се заврши", вели една вработена.

Сега Церберус во новиот Крајслер ќе вложи 4,5 милијарди долари. Шефот на Церберус, Џон Сноу, поранешен американски министер за финансии, вели дека долгорочна цел е успешен Крајслер. А, успешен Крајслер ќе понуди добри шанси за неговите вработени. Се чини Церберус не планира да заработи бргу пари со поделба на Крајслер. Тоа е и најважната работа зошто американскиот автомобилски синдикат даде согласност за зделката.