1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радиоактивната вода го загадува Пацификот

6 април 2011

Од хаварисаната атомска централа Фукушима Даичи, според фирмата-управител, Тепко, повеќе не истекува високо радиоактивна вода. Продолжува испумпувањето на 11,5 милиони тони ниско радиоактивна вода во Пацификот.

https://p.dw.com/p/10o3z
Со Фукушима уште долго ќе има проблемиФотографија: picture alliance/dpa

Долгата ноќна смена на вработените од фирмата Тепко, очигледно донесе успех. Соработниците на енергетскиот концерн рано утрото успеаја да ја затворат пукнатината во реакторот 2. Барем на тоа место сега не истекува радиоактивна вода во тлото околу нуклеарката. По неуспешните обиди со бетон, песок и пластика, пукнатината сега е затворена со т.н. водено стакло.

Japan Erdbeben Tsunami Fischerei
Рибарите останаа без работаФотографија: AP

Портпаролот на јапонската влада Јукио Едано меѓутоа изјави дека се’уште не може стопороцентно да се потврди оваа информација. Се’ уште се проверува, дали на критичното места навистина не истекува радиоактивна вода и дали евентуално има други отвори во постројката.

Во моментов инаку не постои прегледност, дали и на кои други места во реакторот постојат отвори. Затоа фирмата Тепко размислува, одводите да ги затвори со челични бариери, освен ова се размислува и за поставување на бариери долж крајбрежето, кои инаку се користат при нафтени катастрофи.

И натаму ќе се испумпува радиоактивна вода

За да може да продолжат поправките во реакторот, до крајот на денот ќе бидат испумпани околу 11, 5 милиони литри слабо радиоактивна вода. Радијацијата во морето во прв момент ќе се зголеми. Последните проби на водата покажаа дека концентрацијата на јод 131 ја пречекорила граничната вредност за 4000 пати. Наредните денови постои можност да се разреди концентрацијата на радиоактивност во морето, а доколку работите на нуклеарката се успешни, може да се очекува долгорочно намалување на радијацијата. Во околина на 20 километри околу Фукушима Даичи и натаму е забрането ловење риби. Јапонската влада донесе одлука за нови гранични вредности за измерена радиоактивност кај риби и морски плодови и тие строго ќе бидат конролирани, исто како кај зеленчукот и овошјето.

Japan Erdbeben Tsunami
Фотографија: picture alliance/dpa

Автор: Нилс Кинкел/ дапд/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема