1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин со остри критики до политичките противници

22 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CQHs

Рускиот претседател Владимир Путин на само една и пол недела пред парламентарните избори во земјата ги нарече политичките противници шакали и ги обвини дека сакаат да ја ослабат земјата. Партијата Единствена Русија која ја предводи Путин, според анкетите води и најверојано ќе победи на изборите закажани за 2 декември. Овие парламентарни избори во Русија се претворија во плебисцит дали Путин треба да остане руски лидер и откако следната година му истекува неговиот втор, а според уставот и последен мандат.