1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин оптимист за мировната конференција за Блиски исток

23 ноември 2007
https://p.dw.com/p/CSBc

Рускиот претседател Владимир Путин кратко пред меѓународната конференција за Блискиот исток во САД изрази надеж дека ќе биде постигнат пробив.Тој смета на успех во преговорите,изјави Путин при средбата со италијанскиот премиер Романо Проди во Москва.Кратко претходно шефот на Хамас Исмаил Ханија ја прогласи конференцијата за мртвороденче.Сирија,еден од најважните актери во блискоисточниот конфликт, повторно постави услови за учество на планираната конференција во Анаполис.Заради тоа,во вторник ќе биде разговарано и за од Израел окупираната сириска висорамнина Голан.Сириските претставници треба да бидат поканети како директно засегнати во блискоисточниот конфликт,велат во Дамаск.