1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Птичјиот грип се шири во Турција

10 јануари 2006

Во Турција птичјиот грип и натаму се шири. Вирусот според официјални податоци е констатиран во 15 случаи, а 100 се осомничени. Ген Гирзоу, претседателот на лекарската комора на Истанбул, смета дека цела Турција е конфронтирана со сериозна опасност од инфекција. Гирзоу упати на тоа дека дополнителна опасност претставува празникот Курбан Бајрам.

https://p.dw.com/p/Ac9v
Фотографија: dpa

Илјадници животни во последниве денови се превезуваа низ Турција, најчесто од истокот кон запад. Животни кои се потребни за исламскиот празник за принесување на жртва.

Муслиманите го прават ова во чест на Абрахам, кој бил подготвен да го жртвува својот син, поради што Господ бил задоволен и со овца. Не кокошка туку овца: имено животните кои се жртвуваат мора да бидат четириножни, жртвување на птици е против исламскиот ритуал.

Но и покрај се една жена која со своите животни од истокот дошла во Истанбул има вистински проблеми да ги однесе нејзините овци и говеда

„Повеќето муштерии велат само птичји грип и воопшто не сакаат ниту да се приближат. Бараат животни од западна Турција, а не од источна Анатолија.“

Инфициран измет од птици би можел да се залепи на крзното или стапалата, стравуваат муштериите

„Имаме страв – не е лага гледаме на телевизија “

Но опасност не претставува само транспортот на животните. Пред и за време на празниците во Турција е зголемена фреквенцијата на луѓе. Од изминатиов викенд почнаа празниците, луѓето земаат одмор и ги посетуваат роднините и пријателите.

На терминалот за внатрешни летови на аеродромот во Истанбул, патниците од источните региони се испрашуваат за синдромите на болеста, за инфицираните лица веднаш да се однесат во болница, но повеќето луѓе патуваат со автобуси или со сопствени автомобили па не сите може да бидат контролирани.

Весникот Хуријет се надева дека птичјиот грп ќе има образовен ефект: околу 2,6 милиони животни за жртва треба да бидат заколени. Мината година во приватните дворови биле заколени речиси половина од оваа бројка. Постои надеж дека луѓето годинава ќе бидат одвратени од оваа намера поради птичјиот грип.

Градот Истанбул, кој во понеделникот на целата своја територија забрани продажба на птици и производи од живина ги дезифинцира јавните места на кои се извршува колењето. Гувернерот Гулер истакна

„Според експертите нема проблеми со празникот на поднесување жртва. Ги дезифицираме местата каде се извршува колењето, а специјалистите ни велат дека нема проблеми.“

Сепак целата земја ќе мора да размисли што ќе се случи со приватното одгледување на живина, поради околностите најверојатно кокошките оодгледани во фабриките се иднината. Турскиот министер за здравство Акдаг пак рече:

„Нашата земја се наоѓа на рутата на птиците преселници. Поради ова птичјиот грип ќе остане и во наредните години. Луѓето мора да престанат да одгледуваат живина. Во Турција тоа мора да биде елиминирано. Време е поимите „ кокошка од село “ или „ јајца од село“ да се фрлат во корпата за отпадоци на историјата.“

Турција се подготвува подолго време да живее и да се справува со птичјиот грип.