Процесот против Вулф би можел да биде запрен
19 декември 2013Обвинувањето за злоупотреба на службената должност, формулирано во тужбата, врз основа на првичната оценка на судот не е докажанo, соопшти претсадавачот-судија Франк Росено во Покраинскиот суд во Хановер. Меѓутоа во секој случај на почетокот на јануари треба да бидат сослушани и натамошни сведоци.
Меѓубилансoнот на судот, јавноста го очекуваше со нетрпение. Интересот за процесот кој почна на средината на ноември, и всушност требаше да трае до април, е голем. Ова е прв процес поради сомневање за корупција против поранешен германски претседател.
Осмиот ден од процесот денеска (19.12.) продолжи со сослушувањето на жена вработена во послугата на Октоберфест. Австријката речиси и да неможеше да се присети на посетата на Вулф во шаторот на Октоберфест пред пет години. Досега беа сослушани вкупно 20 сведоци.
Од аспект на набљудувачите на процесот повеќето од досега сослушаните сведоци повеќе му помогнаа на обвинетиот, отколку да му наштетат. Хотелските службеници, телохранителите и издавачот Хуберт Бурда со нивните искази постојано ја поддржуваа линијата на одбраната.
Поранешниот претседател на Германија Кристијан Вулф одговара пред суд поради сомневање за корупција. Додека филмскиот менаџер Давид Гроневолд е обвинет поради пружање поволности. Гроневолд на брачниот пар Вулф при посетата на Октоберфест 2008 година им ги порамнил хотелските и сметките за јадење во висина од 720 евра. Како противуслуга, Вулф кој во тој период беше премиер на Долна Саксонија се залагал за филмските проекти на Гроневолд. Вулф откако беше отворена истражна постапка и државното обвинителство на Хановер поднесе барање за укинување на неговиот парламентарен имунитет, поднесе оставка на претседателската функција на 17. февруари 2012 година.