1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Професори и селектор фатени на камера

Александар Методијев/макфакс/миа17 јуни 2012

МВР со помош на безбедносните камери регистрирало 150 сообраќајни прекршоци. Меѓу сопствениците на автомобилите се и двајца факултетски професори и селектор на една од македонските национални репрезентации.

https://p.dw.com/p/15GkF
Граѓаните фатени во сообраќаен прекршок за сега добиваат предупредувања, но не и казниФотографија: picture-alliance/ZB

На сите 150 лица им е доставен поднесок за направен сообраќаен прекршок, регистриран со новите безбедносни камери. Најчесто регистрирани прекршоци се оние за погрешно паркирање, а камерите регистрирале и минувања преку две полни ленти.

„Казните за ваквите прекршоци изнесуваат од 50 до 300 евра во денарска противвредност, но како што најавивме во наредниот период ќе продолжиме превентивно со предупредување, а не со казнување. Кога ќе стартуваме со казнување наместо предупредувања, во зависност од сериозноста на прекршокот, сопствениците на возилата ќе добиваат Платен налог или Покана за глоба и Записник за сторениот прекршок“, изјави министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Mazedonische Innenministerin Gordana Jankuloska
Јанкулоска најави засилено присуство на полицијата, поради зголементата фрекфенција на население во летниот периодФотографија: MIA

Според Јанкуловска, целта на МВР не е да казнува, туку да ја подигне свеста за потребата од совесно почитување на соораќајните правила и прописи. За сега е нејасно кога ќе се започне со казнувањето, но тоа ќе зависи од сериозноста на прекршоците и дали сопствениците на возилата ќе ги потврдат направените прекршоци.

Јанкуловска изјави дека „со ваквиот начин на регистрирање на прекршоците се ограничува арбитрарноста на полициските службеници и можноста на прекршителите да им се простува и прогледува низ прсти“.

„Можам да кажам дека меѓу првите на кои досега им беа доставени предупредувања се двајца познати професори на факултети и селектор на една од македонските национални репрезентации“, изјави Јанкуловска.

Дописите кои содржат фотографии од возилото на местото и времето на направениот прекршокот, се испраќаат на адреса на сопственикот на возилото, без разлика дали се работи за приватно или службено возило.

Polizei nutzt in Regensburg Videokameras zur Überwachung Symbolbild Überwachungsstaat Staatliche Überwachung
На граѓаните на домашна адреса им се доставува снимка од прекршокотФотографија: dpa - Fotoreport

Камерите досега и помогнале на полицијата да открие и учесници во сообраќајни несреќи со потешки последици, кои побегнале од местото на настананот, најчесто оставајќи некој повреден без да повикаат медицинска помош. Камерите нема да „ловат“ само во Скопје.

„Продолжуваме да работиме и натаму на воспоставување на целосна функционалност на системот и поврзување и ставање во работа и на камерите инсталирани во Тетово“, рече Јанкуловска. Системот за безбедносен видео надзор е дел од проектот „Безбеден град“.