Протести против Ахмадинеџад
25 септември 2007Реклама
Стотици луѓе во Њујорк протестираа против учеството на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на генералното собрание на ОН. На Ахмадинеџад не смее да му се дозволи да зборува на бината изјави еден од демонстрантите. Претставници на еврејските организации побараа тој да биде уапсен заради неговите изјави за уништување на Израел. Инаку во своето обраќање во Колумбија Универзитетот, Ахмадинеџад повтори дека нуклеарната програма на неговата земја е во мирољубиви цели.