Протестирам за фер избори, ГДОМ за избори на 5 јуни
4 мај 2016Доумерено облачно време со сончеви и пркосни периоди, најавува за денеска движењето Протестирам во повеќе градови во Македонија.
Според соопштението на организацијата, денеска ќе се протестира во Скопје, Штип, Велес, Тетово, Битола, Струмица, Радовиш и Гевгелија. Приклучување кон протестите најавиле и земјоделци од Крива Паланка и Облешево кои планираат блокади на патиштата.
Фокусот на денешниот протест во Скопје ќе биде на неопходните реформи за фер и демократски избори.
Контра-протести за вечерва најавија и поддржувачите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Здружението ГДОМ на улиците во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и Тетово, ќе бара одржување избори на 5 јуни.
„Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина“, ја пренесуваат провладините медиуми пораката на ГДОМ.