1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пронајдена бомба кај вработен во најголемата атомска централа во САД

3 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C0bi

При една рутинска контрола , безбедносните служби на влезот од најголемата атомска централа во САД , открија експлозивна направа кај еден вработен на договор во централата. Постројката во Паоло Верде во сојузната држава Аризона , беше привремено затворена , но потоа продолжи нормално со работа. Експерите за екзплозив ја демонтираа домашно направената бомба , која беше пронајдена во камионот што го возел уапсениот. Полицијата подоцна соопшти дека инцидентот нема терористичка заднина.