1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат протестите во Франција со намален интензитет

9 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag66

Трета ноќ по ред во Франција има протести против изборот на Никола Саркози за претседател. Бројот на демонстрантите претежно млади е значително намален во однос на претходните денови. Во полициска акција спречена е блокада на околу 150 лица на плоштад во Париз, при што дојде до насилни судири. Повеќе стотици лица во Лијон и Тулуз исто така ислегоа на протести против Саркози.