1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проблеми со тајните снимки на БиБиСи од Северна Кореја

ЖА/ард/дпа/ртре15 април 2013

Дали новинарите смеат да се „шверцуваат“ со студенти во еден тоталитарен режим, за да ги снимаат тамошните прилики, кои официјалните репортери не смеат да ги видат? За тоа се води спор меѓу БиБиСи и еден универзитет.

https://p.dw.com/p/18G9A
Фотографија: picture-alliance/(AP Photo

БиБиСи предизвика спор со свој прилог за Северна Кореја: планира вечер да го емитува тајно снимениот документарен филм и покрај противењето и критиките на Лондонскиот универзитет за економија и неговите студенти.

БиБиСи ќе го емитува филмот „Северна Кореја под велот на тајноста“ во рамките на серијалот „Панорама“. Филмот е снимен кога соработници на БиБиСи, меѓу кои Џонатан Свини, тајно се приклучиле на група студенти без да се легитимираат како новинари. Групата од десетина студенти од Универзитетот била во осумдневна посета на изолираната земја, а патувањето било организирано од сопругата на Свини, која исто така ги придружувала како туристички водич.

Универзитетот вчера ја критикуваше медиумската куќа, бидејќи организирала студентско патување во Северна Кореја, со цел тајно да сними документарен филм и на тој начин студентите, кои не знаеле за вистинската цел на патување, ги изложила на опасност.

Nordkorea Feier Kim Jong Il
Пјонгјанг дозволува да се прикажат само работи кои власта ги одредуваФотографија: Reuters/KCNA

Универзитетот соопшти дека студентите се искористени како жив штит и беа нивно знаење биле ставени во ризична ситуација и можеле да бидат затворени во еден строг режим. Образовната институција соопшти дека тројца новинари на БиБиСи, меѓу кои и Свини, кој е нејзин поранешен студент, ги придружувале студентите на патувањето во Северна Кореја кон крајот на март, преправајќи се дека се туристи, само за да снимат филм за оваа затворена држава.

Професорот Џорџ Гаскел е шокиран од односот на телевизијата и бара филмот да биде повлечен:

„Ни во сон не би помислиле да поддржиме ваква работа, ако знаевме за неа“. Патувањето не било во официјална организација на Универзитетот.

БиБИСи тврди дека во февруари на студентите им било кажано дека со нив ќе оди и „еден новинар“, на што тие се согласиле.

Студентите беа предупредени на потенцијалните ризици поради патувањето во Северна Кореја со новинари во нивната група. Предупредени се и на опасноста од апсење и оти можеби нема да им биде дозволено повторно да патуваат во Северна Кореја, тврди Свини.

Универзитетот пак стравува за својот углед и за безбедноста на свои студенти кои моментно се во земји каде не владее демократија, каде режимот може да помисли дека и меѓу нив се прошверцувани новинари.

Шефот на Редакцијата за вести на БиБиСи Кери Томас ги отфрла обвинувањата за искористувањето на студентите како жив штит:

„Имавме нивна согласност да патуваме со групата. Во краен случај, стравувавме дека ќе не‘ протераат ако не‘ откријат“.

Свини постапката ја образложува со желбата да се известува за земјата каде владее режим сличен на оној на Хитлер во Германија:

„Студентите можеа да ме предадат за време на патувањето. Тие не го направија тоа. Мнозинството студенти го поддржува мојот филм“.