Најбројната земја во Западен Балкан прави големи чекори кон ЕУ, но нејзината енергерска политика со Москва предизвикува гнев кај Европејците во Брисел. Белград, спротивно на желбата на Брисел, склучи договор со „Газпром“ за „Јужен тек“, кој може да биде многу скап за земјата.