Пријателите на Сирија бараат од СБ да дејствува
6 јули 2012Пријателите на Сирија, односно групата во која има и западни и арапски држави, на средбата во Париз денеска (06.07) се изјаснија за натамошни санкции против режимот на Башар ал-Асад. Министрите и високи дипломати заклучија да ја зголемат поддршката за опозицијата во Сирија. Бунтовниците, на пример, се опремени со модерни апарати за комуникација.
На конференцијата на Контакт групата не учествуваа претставници на Кина и Русија. Двете земји со право на вето во Советот за безбедност постојано спречуваат донесување резолуции на Советот за безбедност против ракoводството во Дамаск. Критичарите на Контакт групата затоа сметаат дека е попусто какви и договори да се прават и какви и заклучоци да се носат, се‘ додека на иста маса не седат и претстваници на Русија и Кина.