1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пријава за поттикнување на дискриминација против „Контра геј-парада“

АМ/макфакс22 јуни 2013

Хелсиншкиот комитет и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници поднеле пријава до МВР за поттикнување на дискриминација и насилство, против организаторите на „Контра геј-парада“.

https://p.dw.com/p/18uSD
Министерство за внатрешни работи на МакедонијаФотографија: Petar Stojanovski

Пријавата до македонското Министерство за внатрешни работи е поднесена против непознати лица.

„Очекуваме од МВР да ги преземе сите неопходни мерки за заштита од насилство, дискриминација и ширење омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, и да овозможи мирно и непречено одвивање на планираните активности во ’Неделата на гордоста’“, соопштуваат од Коалицијата.

Тие ја повикуваат и Македонската православна црква да се огради од овој настан и да ја спречи злоупотребата на верските храмови за активности кои вклучуваат ширење на омраза и нетолеранција.

На социјалните мрежи се појави информација дека во сабота ќе се одржи „Контра геј-парада“ од пред Соборниот храм во Скопје, која ќе продолжи „кон Собранието, а потоа кон плоштадот Македонија“.

Коалицијата реагира дека е организирано одржување на некаква геј-парада, туку дека започнува „Неделата на гордоста“, во чии рамки ќе бидат одржани повеќе настани, но ниту еден од нив не предвидува јавен марш.