1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Притисок врз режимот во Мијанмар

29 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bl76

Воениот режим во Мијанмар се повеќе е под притисок на меѓународната заедница поради својот однос кон демонстрантите во земјата.По убиството на еден јапонски фоторепортер,Јапонија упати официјална протестна нота.Британскиот премиер Гордон Браун се изјасни за нови санкции од страна на ЕУ,исто како и европретставникот Хавиер Солана.

Воената хунта во Мијанмар во меѓувреме го прекина интернет контактот кон странство,а будистичките манастири се прогласени за затворени зони и се блокирани,против демонстрантите трет ден е применувана сила.