1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателот Келер со видео порака до грабнувачите

15 март 2007

Германскиот претседател Хорст Келер преку видео порака апелира до киднаперите да ги ослободат двајцата Германци грабнати во Ирак. Пораката синоќа ја гледаа не само во Германија туку и во арапскиот свет. Михаел Грот за барањата на претседателот.

https://p.dw.com/p/AbyX
Келер моли за ослободување на грабнатите
Келер моли за ослободување на грабнатитеФотографија: PA/dpa

Германскиот претседател Хорст Келер апелираше до киднаперите да ги ослободат двајцата Германци кои ги држат во заложништво веќе пет недели. На 6 февруари, Ханелоре Краузе, мажена за Ирачанец и нејзиниот син беа грабнати од станот во Багдад. Претседателот Келер за време на патувањето во Латинска Америка сними видео порака која освен на германските телевизии, синоќа беше емитувана и на арапскиот телевизиски канал, Ал Џезира.

„Ви се обраќам директно Вам, на грабнувачите: апелирам да ги ослободите госпоѓа Краузе и нејзиниот син. Во Ирак веќе има пролеано премногу невина крв. Запрете. Вратете ги киднапираните на нивното семејство!“, зборува претседателот.

Киднаперите на викендот се заканија со ликвидација на грабнатите, ако германската влада во рок од десет дена не ги повлече трупите од Авганистан. Во таа порака 61 годишната госпоѓа Краузе низ солзи ја моли германската канцеларка Меркел за помош. Одговорот од Берлин е дека Германија не може да биде уценувана. И претседателот Келер со одговор на заканувачката порака:

„Минатата сабота се заканивте со убивање на киднапираните, ако Бундесверот не се повлече од Авганистан. Нема политичка цел која може да се оправда со киднапирање или убиство на невини лица. Ниту една религија не дозволува такво однесуваење“, порача Келер.

Пораката на Келер е направена во координација со кризниот штаб во германското министерство за надворешни работи, со кој раководи лично министерот Франк Валтер Штајнмаер. Тој му се заблагодари на престедателот за видео пораката:

„Не смееме да не пропуштиме ништо што би можело да ги зголеми шансите за ослободување на киднапираните. Затоа сум му исклучително благодарен на претседателот за неговиот категоричен апел до киднаперите, и мислам дека тој апел уште еднаш нагласува колку сме заинтересирани за судбинатата на грабнатите“, изјави Штајнмаер.